18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 2030-та ова ќе бидат економски најмоќните земји во светот

До 2030-та ова ќе бидат економски најмоќните земји во светот

Компанијата „PricewaterhouseCoopers“ (PWC) ги објави своите предвидувања кога станува збор за економската моќ до 2030-та година.

Во извештајот „Поглед во иднината: колку глобалната економија ќе се промени до 2050-та година?“ рангирани се 32 држави кога станува збор за предвидување на нивниот глобален раст на бруто домашниот производ со зголемување на куповната моќ.

Коефициентот на куповната моќ во макроекономијата се користи за одредување на економската продуктивност и стандардот на живот во земјите во текот на одреден период.

Иако на оваа листа некои земји се наоѓаат во самиот врв како и досега, другите ќе забележат значителен раст или пад. Во листата која следи, сумите се изразени во американски долари.

1. Кина — 38.01 илјади милијарди долари

2. САД — 23.48 илјади милијарди долари

3. Индија — 19.51 илјади милијарди долари

4. Jaпонија — 5.61 илјади милијарди долари

5. Индонезија — 5.42 илјади милијарди долари

6. Русија — 4.73 илјади милијарди долари

7. Германија — 4.71 илјади милијарди долари

8. Бразил — 4.44 илјади милијарди долари

9. Мексико — 3.66 илјади милијарди долари

10. Велика Британија — 3.64 илјади милијарди долари

11. Франција — 3.38 илјади милијарди долари

12. Турција — 2.99 илјади милијарди долари

13. Саудиска Арабија — 2.76 илјади милијарди долари

14. Jужна Кореа — 2.65 илјади милијарди долари

15. Италија — 2.54 илјади милијарди долари

16. Иран — 2.35 илјади милијарди долари

17. Шпанија — 2.16 илјади милијарди долари

18. Канада — 2.14 илјади милијарди долари

19. Eгипет — 2.05 илјади милијарди долари

20. Пакистан — 1.87 илјади милијарди долари

21. Нигерија — 1.79 илјади милијарди долари

22. Tајланд — 1.73 илјади милијарди долари

23. Aвстралија — 1.66 илјади милијарди долари

24. Филипини — 1.62 илјади милијарди долари

25. Maлезија — 1.51 илјади милијарди долари

26. Полска — 1.51 илјади милијарди долари

27. Aргентина — 1.34 илјади милијарди долари

28. Бангладеш — 1.32 илјади милијарди долари

29. Виетнам — 1.30 илјади милијарди долари

30. Jужна Африка — 1.15 илјади милијарди долари

31. Колумбија — 1.11 илјади милијарди долари

32. Холандија — 1.08 илјади милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП