19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Унгарија опадна на 4,5 проценти во првиот квартал

Невработеноста во Унгарија опадна на 4,5 проценти во првиот квартал

Стапката на невработеност во Унгарија опадна за 1,5 процентни поени, на 4,5 проценти, во периодот јануари-март 2017 година во однос на истиот лански период, според прелиминарните податоци на Централната канцеларија за статистика (KSH).

Сепак, како што пренесува Бизнис Журнал од Будимпешта, експертите тврдат дека реалната стапка е поголема, бидејќи властите како вработени ги третираат и луѓето кои привремено се ангажирани на јавни работни места, како што е изградбата на жичана ограда за спречување на влезот на мигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП