29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧесите нема да плаќаат со евра во наредните четири-пет години, тврди гувернерот...

Чесите нема да плаќаат со евра во наредните четири-пет години, тврди гувернерот на ЧНБ

praga

Гувернерот на Чешката народна банка (ЧНБ), Мирослав Сингер не верува дека Чешка ќе го воведе еврото до крајот на 2017 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Сингер, одлуката за влегување на земјата во еврозоната зависи од политичката дебата, со оглед на тоа што следната година ќе се одржат парламентарни избори.

Чешка, во моментов не ги исполнува сите услови за воведување на европската валута, меѓу кои се одржување на јавниот дефицит под три проценти од бруто домашниот производ (БДП), јавниот долг под 60 отсто од БДП или ценовната стабилност.

Меѓу другите критериуми се вклучени стабилноста на долгорочните каматни стапки и стабилноста на девизниот курс. Со мнозинството од нив Чешка нема долгорочни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП