5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: ЕУ се самоуби со Брегзит

Јункер: ЕУ се самоуби со Брегзит

„Европската унија се самоуби со излегувањето на Велика Британија од блокот (Брегзит). Ова го рекол претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Германски весник објави протечени информации од разговорот на лидерот на ЕК со премиерот на Велика Британија – Тереза ​​Меј, одржан минатата среда.

Јункер признал дека ЕУ по очекуваното заминување на Британија во 2019 година ќе почне да доживува тешки времиња.

„Одлуката на Британците да го прекинат повеќе од 40-годишното членство во блокот е еднакво на самоубиство”, изјавил политичарот од Луксембург.

АП потсетува дека Кралството е меѓу најголемите донатори на ЕУ. За време на преговорите меѓу Брисел и Лондон беше поставено и прашањето за финансиска компензација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП