6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas оствари повисока добивка за првиот квартал

BNP Paribas оствари повисока добивка за првиот квартал

„BNP Paribas“ забележа изненадувачки раст на профитот, поддржан од трговијата со акции и обврзници, како и поради намалувањето на залихите за неисплатените кредити, кои се намалуваат со 22 проценти до 592 милиони евра.

Нето добивката се зголемува со 4,4% до 1,89 милијарди евра при очекувања на аналитичарите за просечна нето добивка од 1,5 милијарди евра.

Приходите на доверителот од инвестиции со фиксен приход, валути и берзански алатки за тргување се зголемуваат за 32% до 1,17 милијарди евра. Вкупните приходи на одделенијата за корпоративно и институционално банкарство се зголемуваат за 20%.

Приходите од светските пазари забележуваат раст од 33% во споредба со истиот период од минатата година до 1,75 милијарди евра, со што овој критериум „BNP“ ги надмина европските конкуренти, објави банката со седиште во Париз.

Жан-Лоран Бонафе, извршниот директор на „BNP Paribas“, е еден од ретките извршни директори на европски банки, кои имаат за цел да постигнат раст преку трговија на хартии од вредност. „BNP“ цели да ги зголеми приходите од светските пазари со 5% годишно до 2020-та година, стана јасно на крајот на март.

Во првото тримесечје од 2017-та година поголемиот обем на трговија го компензира намалувањето на приходите од услугите на клиентите на главните европски пазари со 0,3 отсто, вклучувајќи ги Франција, Италија и Белгија.

Акциите на „BNP Paribas“ се тргуваат со вредност од 66,05 евра за акција. Целосниот тренд е за благо покачување откако Емануел Макрон победи во првиот круг на претседателските избори во Франција. Тоа предизвика оптимизам дека тој ќе го победи својот противник – националистот Марин Ле Пен, во вториот круг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП