9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилецот Роберто Азеведо нов директор на СТО

Бразилецот Роберто Азеведо нов директор на СТО

ra

Бразилецот Роберт Азеведо е избран за нов генерален директор на Светската трговска организација (СТО), соопштија синоќа дипломатски извори.

Во последниот и решавачки круг од гласањето за време на собирот на СТО во Женева, Азеведо го победи поранешниот мексикански министер за трговија Ерминио Бланко.

Азеведо на должноста прв човек на СТО ќе го наследи Паскал Лами, чиј мандат истекува на 31 август. Тој воедно ќе биде и првиот Јужноамериканец на чело на СТО од нејзиното формирање во 1995 година.

Резултатите од гласањето за избор на директор на СТО официјално ќе бидат објавени утре.

По објавувањето на информациите дека е избран за нов директор, Азеведо изјави дека е задоволен затоа што добил поддршка од „сите категории на земји“.

Азеведо, кој досега беше бразилски амбасадор при СТО, ќе мора да се справи со големите предизвици со кои се соочува Организацијата во услови на економската криза и пат позицијата во преговорите за либерализацина на глобалната трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП