8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА90% од дополнителната ликвидност од ЕЦБ е во 5-те најбогати земји во...

90% од дополнителната ликвидност од ЕЦБ е во 5-те најбогати земји во еврозоната

Околу 90% од дополнителната ликвидност, инјекцијата од Европската централна банка (ЕЦБ) во еврозоната, отишле во петте најбогати држави од монетарната унија, покажа истражувањето на банката, цитирано од „Ројтерс“.

Според авторите на извештајот избегнувањето на ризикот е една од причините парите да не излегуваат од Германија, Франција, Холандија, Луксембург и Финска кон остатокот од блокот, каде што некои банки се уште се потпираат на ЕЦБ за средства.

Тоа значи дека доверителите во побогатите држави сè уште необезбедиле заеми надвор оф границата 10 години по глобалната финансиска криза и покрај напорите на ЕЦБ да се зачува интегритетот на еврозоната.

ЕЦБ создаде околу 1,5 илјади милијарди долари дополнителна ликвидност – средства кои доверителите ги депонираат во централните банки минус задолжителните резерви – од 2015-та година преку агресивно купување на обврзници и евтини долгорочни кредити за банките.

Фактот дека парите се слеваат во најбогатите држави, а не одат таму каде се најпотребни, поткопува некои напори на ЕЦБ и покажува дека целта за создавање на банкарска унија е се уште далеку.

Истражувањето покажува дека 60% од парите потрошени од ЕЦБ и националните централни банки за купување на обврзници, се качил во Германија, каде што се сметките на главно британски банки кои ги продаваат. Во Франција одат 20% од средствата.

Според авторите тоа не објаснува целосно зошто дополнителната ликвидност се трупа само во пет држави. Има и надворешни фактори, вклучувајќи дека стабилните банки привлекуваат повеќе штедачи, како и дека новите правила го прават меѓубанкарското кредитирање помалку привлечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП