13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 9 години 500.000 луѓе ја напуштиле Грција

За 9 години 500.000 луѓе ја напуштиле Грција

Во периодот од 2008 до 2016 година Грција ја напуштиле речиси 500.000 луѓе, кои заминале во други држави, во потрага по работа, покажува истражувањето на институтот „ИЦАП Пиплс Солушанс“.

Како што објави атинскиот весник „Катимерини“, најголем број од овие имигранти од Грција се луѓе на возраст под 40 години.

Весникот наведува дека главна причина за новата миграција од Грција е економската криза во земјата, која најтешко ги погоди младите образовани луѓе. Истражувањето покажа и дека околу 40 проценти од оние кои ја напуштиле Грција, не планираат да се вратат во татковината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП