28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ нема да воведе визи за граѓаните на САД и Канада

ЕУ нема да воведе визи за граѓаните на САД и Канада

Европската комисија во вторникот соопштила дека нема да го прекине безвизниот режим за американските и канадските државјани во ЕУ бидејќи е остварен напредок во решавањето на спорот поврзан со одбивањето на Вашингтон да ги укине визите за граѓаните на Хрватска, Бугарија, Кипар, Полска и Романија сè додека не ги исполнат условите предвидени со законите на САД, пренесуваат светските агенции.

Канада, пак, исто така го ограничува влегувањето на некои категории државјани од Бугарија и Романија. Од Европската комисија навеле дека оствариле контакти со новата американски администрација, додека Канада ветила дека до декември ќе ги укине сите визни ограничувања.

„Дијалогот со стратешките партнери е начин за напредок и ние сме на вистинскиот пат“, рекол еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос, јавува АР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП