24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и понатака водечки економски партнер на Русија

Германија и понатака водечки економски партнер на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Германија останува водечки руски економски партнер и покрај санкциите, додавајќи дека трговската размена на двете земји е зголемена за повеќе од 40 проценти од почетокот на годината.

„Русија сака да соработува со Германија на принципите за взаемна корист, почитување, еднаквост и уважување на меѓусебните интереси. И покрај познатите политички несогласувања и промени во глобалното опкружување, Германија и понатака е водечки надворешно-трговски партнер на нашата земја“ изјави Путин по разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според Путин, Германија е најголемиот купец на руски гас, кој покрива речиси 35 проценти од германските потреби.

Путин изрази надеж дека поголем број на германски бизнисмени ќе се појават на меѓународниот економски форм во Санкт Петербург (SPIEF) оваа година во однос на минатата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП