29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПораснаа приходите на Apple, но продажбата на iPhone опадна

Пораснаа приходите на Apple, но продажбата на iPhone опадна

Apple, во првото тромесечје остварил приходи од 52,9 милијарди долари, што е за 4,6 отсто повеќе од истиот период лани. Но иако добивката бележи раст, акциите на компанијата се наоѓаат под притисок поради падот на продажбата на iPhone.

Според извештајот „чистата“ добивка на Apple, во изминатите четири месеци изнесувала 11,03 милијарди долари, што е за 4,9 отсто повеќе од минатата година.

Меѓутоа, поради падот на продажбата на „паметните телефони“, цената на една акција на Apple на берзата во Њујорк забележала пад за речиси 2 отсто.

Apple, во изминатиот период продал 50,76 милиони iPhone примероци, но тоа е помалку од проекциите на компанијата и помалку од она што било продадено во истиот период лани, кога биле продадени 51,19 милиони iPhone примероци.

И покрај падот на продажбата на iPhone, приходите на Apple пораснале на годишно ниво, бидејќи во просек била зголемена продажната цена на iPhone.

Продажбата на „паметните телефони“ на Apple е намалена во Азија, односно во Кина, Хонг Конг и Тајван. Овој пазар е втор по големина за компанијата по оној во САД.

Приходите од азискиот пазар во изминатите четири месеци биле намалени за 14,1 отсто на годишно ниво, односно за 10,7 милијарди долари.

Намалувањето на продажбата на „паметните телефони“ во Кина е последица на намалениот раст на домашната економија, но и на големата конкуренција на поевтини „паметни телефони“ на производители од овој регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП