19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради асфалтирање времен режим на сообраќајот на патот Мелнички мост-Дебар

Поради асфалтирање времен режим на сообраќајот на патот Мелнички мост-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Поради асфалтирање, патниот правец Мелнички мост – Дебар, ќе биде затворен во двата правци во среда и четврток во периодот од од 13:00 до 17:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП