30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФармацевтски куќи со закана дека ќе ја напуштат Британија поради 20 млрд...

Фармацевтски куќи со закана дека ќе ја напуштат Британија поради 20 млрд фунти

Асоцијацијата на британската фармацевтска индустрија (ABPI) предупреди дека ако не се обезбедат дополнителни 20 милијарди фунти во буџетот за здравството, големите фармацевтски компании ќе си заминат од пазарот на Островот, соопштува “Тајмс”.

Фармацевтската организација ја објави официјалната позиција како обраќање до идната влада на Велика Британија, кое ќе биде избрана со предвремени избори на 8 јуни.

Според фармацевтската индустрија финансиските ограничувања кои во моментов и се наметнуваат на британската здравствена служба (NHS) загрозуваат многу аспекти на здравството и особено пристапот до иновативни третмани и клинички испитувања на нови лекови.

Буџетот на Обединетото Кралство за здравство сега изнесува околу 120 милијарди фунти или 9,9% од БДП. Од нив околу 30 милијарди де насочени за наука и развој во фармацијата, но од страна на здружението овие средства ги сметаат за недоволни и сакаат речиси двојно повеќе пари за разни истражувања.

Ограничување на јавните средства за иновации во медицината значи дека многу компании ќе се повлечат од пазарот на нови лекови, а така и NHS ќе ја изгуби лидерската позиција меѓу здравствените системи во светот, предупредува британската фармацевтска индустрија. Во исто време научната дејност со своите над 140 илјади истражувачи на Островот е еден од најголемите инвеститори во британската економија, забележуваат од здружението.

Тие инсистираат идната влада да подготви план со кој до 2022 година науката на Велика Британија ќе го достигне стандардот на земјите од Г7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП