19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе уште нема повлекување на санкциите на САД кон Русија

Се уште нема повлекување на санкциите на САД кон Русија

Лидерите на Комисијата за надворешни работи на Сенатот на САД се одлучиja санкциите против Русија да не бидат кренати во блиска иднина, пишува „Политико“.

Наместо тоа, претседателот на Комисијата, Боб Коркер, и демократот Бен Кардио се договориле да разговараат за мерки за спротивставување на руското влијание во Источна Европа, без тоа да вклучува нови рестрикции.

Исто така, се предвидуваат и ограничувања против Иран. “Не сметаме да наметнеме нови санкции против Русија”, рече Коркер за изданието.

Тој рече дека се планира закон за рестриктивни мерки против Иран, кој се очекува да биде подготвен до крајот на овој работен период на сенатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП