26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes претстави две нови верзии на G-Class (фото)

Mercedes претстави две нови верзии на G-Class (фото)

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ ќе им предложи на своите клиенти две нови верзии на теренецот „G-Class“, а веќе прифаќа нарачки за нив. Првите примероци ќе им бидат на располагање на новите сопственици во почетокот на септември.

Верзијата со името „designo manufaktur“ всушност се предлагаше уште од 2015-та година. Таа постигна сериозни успеси и затоа во компанијата одлучија да ја усовршуваат. Новата опција се вели „designo manufaktur Edition“, а тој е достапен за модификациите „G 350 d“ и „G 500“.

Клиентот може да избира помеѓу три бои – „црвена магма“, „мистично бела“ и „црн обсидан“. При првите два, благодарение на контраст, јасно се одвоени со црните елементи – рачките на вратите, куќишта на ретровизорите, решетка на ладилникот и 19-инчни бандажи со „AMG“-дизајн.

Во кабината на „G-Class designo manufaktur Edition“ има кожа „Nappa“ која на централниот дел на седиштата и на воланот е перфорирана. Дел од објектите се лакирани, а другите се покриени со хром. Впечаток оставаат уште велур патосниците, како и црвените ремени за безбедност.

Од компанијата соопштуваат дека теренецот со дополнителниот пакет чини 24% помалку, ако опциите бидат додадени поединечно. Цената на „G 350 d designo manufaktur Edition“ стартува од 109.900 евра.

Верзијата „Exclusive Edition“ за возврат е предвидена за „AMG“ верзијата на „G-Class“ – „G 63“ и „G 65“. Таа се разликува по доплнителната заштита на предниот браник од нерѓосувачки челик, линиите „AMG“ во долниот дел на вратата и 21-инчните бандажи. За овие автомобили може да се нарача и уникатна мат-сребрена боја.

Ентериерот на специјалните „Mercedes-AMG G 63“ и „G 65“ нуди кожа во две бои, а клиентот може да избере помеѓу 6 варијанти на комбинација. Некои од елементите на ентериерот можат да бидат од карбон.

Цената на „G 63 Exclusive Edition“ стартува од 163.125 евра, а на „G 65 Exclusive Edition“ од 287.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП