9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД е земја со највисок корпоративен данок во светот?!

САД е земја со највисок корпоративен данок во светот?!

Највисокиот корпоративен данок во САД е 35 проценти, но со новиот предлог Белата куќа побара тој да биде сведен до 15 проценти, потсетуваат агенциите.

Нема друга земја во светот со толку висок доход, според податоците на консултантската компанија „Deloitte“.

Во САД, федералниот даночен систем сепак е премногу сложена, со попусти и кредити, кои практично ги намалуваат даночните обврски.

Сега сегашниот даночен систем значително се менувал според економскиот циклус, потпирајќи се на отстапувањата во враќање на инвестицијата, позната како капитална добивка, и други фактори, како депресијацијата на претходните инвестиции и отпишувањето на лошите долгови.

Извештајот на Министерството за финансии, објавен во април 2016-та година, констатира дека постојниот корпоративен данок за 2007-ма година бил 26 проценти. Тој падна до 23 проценти во 2008-ма година, до 21 проценти во 2009-та година и до 20 проценти во 2010-2011 година.

Просечната вредност за анализираниот период 2007-2011 година бил 22 проценти, пресметува во извештајот.

Корпоративниот данок е различен и за различните индустрии. Во 2001-2011 година, просечниот корпоративен данок во услужниот сектор бил 28 проценти и 27 проценти во градежништвото и трговијата на големо.

Најнизок данок – од 10 проценти бил во секторот на комуналните услуги, 15 проценти за производство на автомобили, и 16 проценти во логистичкиот сектор.

Данокот на добивка на компаниите во САД бил 2,2 отсто од бруто домашниот производ во 2015-та година, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според овој показател САД се наоѓа на 10-то место меѓу 32-те земји членки на ОЕЦД. Најголем удел имала Чиле со 4,9 отсто, а Словенија била со најнизок од 1,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП