12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗнаци кои покажуваат дека сте проблематичен работник

Знаци кои покажуваат дека сте проблематичен работник

Можете да бидете брилијантни во обавувањето на задачите, но доколку никој не сака да работи со вас, вашиот професионален живот ќе биде се потежок и потежок.

Погледенте ова се знаците и доколку се препознаете во нив – време е за промени.

1. Гледате на раководителите како на противници

Сметате ли дека оние кои се добри со шефовите се подлизурковци, а на односот работник-работодавец гледате како на „ние против нив“ ? Никој не сака да работи со некој кој го смета за противник, а уште помалу да го плаќа.

2. Еднаш месечно велите „тоа несакам да го сработам, тоа не е моја работа“

Понекогаш можеби не сте најдобрата личност за неоја работа, но не правете го тоа, не ги одбивајте шефовите кога станува збор за извршувањето на задачите.

3. Предлозите на шефовите ги сметате за „сугестии“

Понекогаш тоа и се, но многу почесто шефовите очекуваат и да го направите тоа што ви го кажале. Доколку пречесто ги игнорирате, ќе започнат со испрашувањето кое е непријатно.

4. Тешко ви е да го пронајдете стариот шеф кој би ви дал препорака

Ако поранешниот шеф не ви се јавува на телефон, веројатно има причина за тоа.

5. Барате причини како да не обавите нешто

Доколку омилена реченица ви е „нема шанса ова да се направи“, знајте дека тоа е многу фрустрирачки за луѓето со кои работите. Не го убивајте ентузијазмот на лицата околу вас.

6. Постојано сте негативни

Повремените фрустрации се нормални, но ако постојано се жалите, никој нема да ве толерира.

7. Ниту еден шеф или надреден не ви е драг

Постојат многу причини за тоа. Неможноста да бидете задоволни на работа, нереалните очекувања, проблем со авторитетите…

Како и да е, соочете се со тие проблеми и обидете се да го извлечете најдоброто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП