4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто треба да направиме за поголема безбедност во сообраќајот

Што треба да направиме за поголема безбедност во сообраќајот

Покрај сообраќајните правила и прописи, кои што не само што треба да се знаат, туку треба и да се почитуваат, најважно за сите учесници во сообраќајот е да внимаваат. Но, не сите учесници ги почитуваат правилата и со таквото несовесно однесување ја загрозуваат не само сопствената, туку и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Како резултат на невниманието и непочитувањето на правилата и прописите од страна на возачите и пешаците, само во 2016 година имало 3904 незгоди со потешки последици. Во овие случаи причини за несреќите биле несоодветна брзина, претекнување и разминување на несоодветно место, недоволно искуство, невнимание и непознавање на правилата, непрописно свртување, замор, возење под дејство на алкохол.

Со цел да се промени ваквото секојдневие, каде бројот на сообраќајни несреќи има нагорен тренд, компанијата ОКТА со поддршка од МВР ја создаде кампањата „Јас внимавам“, која има за цел да ја подигне јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата ќе делува едукативно, истакнувајќи ја важноста за доследно почитување на сообраќајните правила од страна на сите учесници во сообраќајот.

Како дел од иницијативите на кампањата, сообраќајната полиција ќе го контролира почитувањето на сообраќајните прописи, а компанијата ОКТА ќе ги наградува совесните возачи. Во кампањата учествуваат бројни славни личности, кои ја даваат својата поддршка преку поттикнување, позитивен пример и мотивирање на возачите да внимаваат повеќе и да ги почитуваат сообраќајните правила.

Посебни активности и содржини се планирани за децата од основните училишта. Преку донација на едукативни полигони, боенки и детска претстава, најмладите учесници во сообраќајот ќе бидат едуцирани кои се основните принципи за побезбедна сообраќајна култура.

Со подигнување на колективната свест, кампањата „Јас внимавам“, има за цел да придонесе кон постигнување значителни резултати во подобрување на сообраќајната безбедност и култура во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП