28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД, сепак, останува дел од договорот НАФТА

САД, сепак, останува дел од договорот НАФТА

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласил САД да не се повлече од Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) и побарал отпочнување на преговори за нови услови, пренесуваат светските агенции.

Трамп по разговорите со канадскиот премиер Џастин Трудо рекол дека имале „фин“ разговор. „Тој убаво ме замоли да преговараме, наместо да го поништиме договорот“, рекол Трамп за американската телевизија CBS.

Американскиот претседател додал дека ја прифатил оваа молба на Канада. Минатата недела тој изјави дека договорот ќе биде поништен, доколку не биде постигнат фер компромис. За време на неговата предизборна кампања, Трамп рече дека НАФТА е „најлошиот трговски договор направен некогаш“ и дека е „убиец на американските работни места“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП