15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda го произведе милионитиот Superb

Skoda го произведе милионитиот Superb

Компанијата „Skoda“ го произведе милионитиот автомобил од моделот „Superb“. Јубилејната машина беше изработена во фабриката во Квасини, Чешка. И иако моделот претставува донекаде преобразен „Volkswagen Passat“, тој има извонредна приказна.

Првиот „Superb“ што ја носи ознаката „640“, станува факт уште во 1934-та година, а во него за прв пат чешкиот производител користи 2.5-литарски V8 мотор со 55 КС, како и погон 4×4. Заедно со нив на моделот е монтирана и подобрена независна суспензија. До 1939-та година се произведени не повеќе од 201 примероци, а до 1949-та година – 2.500. Потоа сепак проектот е замрзнат.

Дури во 2001-ва година „Superb“ повторно влегува во производство, токму тогаш се појавува првата генерација на сегашниот модел. До враќањето на автомобилот доаѓа откако сопственикот на „Skoda“ – Концернот „Volkswagen AG“, решава да го користи за основа моделот „VW Passat B5“.

Од првата генерација на моделот се продадени 136.100 автомобили до 2008-ма година, по што на пазарот се појавува „Superb Mk II“. Од новиот наследник се продадени вкупно 618.500 примероци до крајот на 2015-та година. Тогаш започна и производство на веќе третата генерација од која досега има продадено околу 250.000 автомобили.

Иако најуспешен модел на компанијата е „Octavia“, „Superb“ зазема важно место меѓу палетата на „Skoda“. Неодамна Чесите потврдија дека „Superb“ ќе биде првиот нивен модел кој ќе биде опремен со хибриден систем. Ова ќе стане факт во 2019-та година.

Милионитиот автомобил е од линијата „Laurin & Klement“ (која ја основале „Skoda“ пред 121 години), како се уште не е јасно дали тој ќе биде продаден на клиент или ќе остане во сопственост на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП