3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомисијата за економски прашања ги прифати измените на Законот за надзор на...

Комисијата за економски прашања ги прифати измените на Законот за надзор на пазарот

izvoz1

Засилување на контролата на увозот на стоки и поефикасна координација на Координативното тело за контрола на пазарот, се дел од измените на Законот за надзор на пазарот што денеска помина во прво читање на собраниската Комисија за економски прашања.

Претставникот од Министерството за економија Билјана Стојановска појасни дека со измените се прави усогласување со европските директиви и со нив ќе се овозможи поефикасна координација на Координативното тело за надзор на пазарот.

Според претседателката на Комисијата, Владанка Авировиќ се работи за суштински закон со кој ќе се заостри контролата на увозот на стоки и производи, а со тоа индиректно ќе се заштити и потрошувачот, а ќе им се даде можност и на лабораториите да бидат рамноправни со оние од земјите членки на Европската унија.

Комисијата го разгледа и годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Опозицијата како слабост на извештајот го посочи немањето информации за државната помош што им се дава на странските инвеститори на што претставниците од Комисијата појаснија дека податоците за доделената државна помош од минатата година ги добиваат до средината на оваа година, а бидејќи се уште ги немаат добиено податоците, не биле во можност да ги презентираат во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП