3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и кредиторите се договорија, воведени нови мерки за штедење

Грција и кредиторите се договорија, воведени нови мерки за штедење

Грција и нејзините меѓународни кредитори постигнаа согласност за воведување нова серија мерки за штедење во земјата, кои ќе го отворат патот за дополнителна финансиска помош за кризната земја, пишува германскиот национален дневен весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

„Имаме бел чад”, изјави во етерот на грчката телевизија министерот за финансии Евклидис Цакалотос. Во моментов, сепак, сè уште нема потврда од страна на меѓународните кредитори на Атина. Како што објавија Грците – станува збор за доделување на уште 3,6 милијарди евра. Во замена Владата на балканската држава се согласи да ги намали пензиите до 18%, почнувајќи од 1 јануари 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП