2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија ја купи најголемата нафтена рафинерија во САД

Саудиска Арабија ја купи најголемата нафтена рафинерија во САД

Саудиска Арабија веќе е единствен сопственик на најголемата американска нафтена рафинерија.

Државната компанија „Saudi Aramco“ придоби 100% од рафинеријата „Port Arthur“ што е во Тексас. Ова става точка на договор објавен уште кон крајот на минатата година, пренесува „CNN“.

„Port Arthur“ се смета за скапоцен камен во круната на американската мрежа од рафинерии. Објектот може да произведе 600.000 барели нафта на ден, што ја прави најголемата рафинерија во Северна Америка.

Саудиската компанија „Aramco“, поседуваше 50% од рафинеријата, преку заедничко вложување со „Royal Dutch Shell“, кое го носи името „Motiva Enterprises“. Двете нафтени корпорации сепак постигнаа договор за одделување една од друга во март минатата година, па ова купување на рафниеријата од Тексас ја доведува до крај постапката за затворање на заедничкото вложување.

Во прилог на сето ова, „Aramco“ презема целосна контрола и над 24 дистрибутивни терминали, а добива и ексклузивни права да продава бензин и дизел, брендирани како „Shell“ во Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина, Вирџинија, Мериленд, источниот дел на Тексас и поголемиот дел од Флорида.

Зделката, и овозможува на „Aramco“ да го задржи еден од најголемите клиенти во лицето на САД. Сега, кога ја поседува најголемата нафтена рафинерија во Северна Америка, Саудиска Арабија може да трансферира сурова нафта во САД, по што ќе продава гориво на американските возачи.

Моментално Саудиска Арабија е втор најголем снабдувач на сурова нафта во САД, а пред неа исклучиво е Канада.

САД увезуваат околу 1,3 милиони барели дневно од Саудиска Арабија во февруари, што е раст од 32% во однос на истиот месец од минатата година.

„Aramco“ планира „IPO“ во блиска иднина, а арапската земја се надева дека со тоа ќе ја достигне вредност од 2 илјади милијарди долари. Земјата продолжува да претставува потешкотии како резултат на ниските цени, а нафтата го прави „IPO“-то на „Aramco“ особено важно.

Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот, драстично ги намали даноците, со кои го оданочува „Aramco“ во март, поради загриженоста за нивото на пазарната проценка на компанијата.

Сето ова се случува во позадина на зборовите на новиот претседател на САД Доналд Трамп, кој рече дека ќе работи за енергетски независна земја. Уште пред да биде избран, Трамп се закануваше дека ќе престане увозот на нафта од Саудиска Арабија и другите земји од регионот, ако тие не подготват копнена војска во борбата против таканаречената „Исламска држава“.

Откако Трамп беше избран од граѓаните на САД, министерот за енергија на Саудиска Арабија посочи дека при евентуално намалување на увозот, ќе има одмазда.

И покрај реториката, односите меѓу САД и најголемата земја од Арапскиот Полуостров, се зацврстуваат под менаџментот на Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП