5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ21st Century Fox и Blackstone во „битка“ за Tribune

21st Century Fox и Blackstone во „битка“ за Tribune

Компанијата на Руперт Мардок, „21st Century Fox“ преговара со компанијата за приватен капитал „Blackstone“ за создавање на заедничко вложување, со кое ќе поднесе понуда за „Tribune Media“, објавија запознаени извори, цитирани од „Financial Times“.

„Tribune“, која поседува неколку телевизиски станици во САД, е со пазарна капитализација од 3,2 милијарди долари.

„Fox“ и „Blackstone“ се надеваат да поднесат подобра понуда од „Sinclair Broadcasting“, најголемиот сопственик на американски телевизиски станици, кој исто така се бори за „Tribune“.

Двете компании планираат да формираат заедничка компанија, „Blackstone“ да го обезбеди потребниот кеш, а „Fox“ ќе учествува со своето портфолио на телевизии.

„Fox“ поседува вкупно 28 канали – и сопствени, и со такви со кои оперира. Ако се спои со „Tribune“, ова ќе им даде на „21st Century Fox“ повеќе начини да се искористат спортските права, вклучувајќи и на Националната фудбалска асоцијација на САД.

Интересот за сопствениците на телевизиски станици се зголемува, откако неодамна Сојузната комисија за комуникации повторно се опорави т.н. попуст за „UHF“. Тоа значи дека сопствениците на станици нема да треба да вклучуваат канали што се емитуваат на „UHF“ бранови, при пресметката на колку пазари постигнуваат.

Компаниите не можат да емитуваат до повеќе од 40% од САД, а обновата на попустот ефективно значи дека е отстранета бариерата за поседување на повеќе станици.

Тоа ја направи и консолидацијата на сопствениците на станици многу веројатна и е првата од серијата чекори за доделување на контролата над сопственоста на медиумите, кои се очекуваат од новиот регулатор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП