29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИбрахими: Минималната плата ќе се зголеми за околу 20 отсто

Ибрахими: Минималната плата ќе се зголеми за околу 20 отсто

­

Законот за минимална плата ќе претрпи измени и ќе има нејзино зголемување за околу 20 отсто. Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по работната средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија.

Посочи дека станува збор за првични разговори меѓу претставниците на синдикатот и Министерството за зголемување на минималната плата. ­

“Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20 проценти. Анализите кои беа направени од Министерството за труд и социјална политика и од Сојузот на синдикатите на Македонија се поклопуваат”, рече Ибрахими.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски на сите работници им го честиташе 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

“Анализите, истакна, покажуваат дека има простор и можност да се продолжи оваа политика на зголемување на плати која ја реализиравме заедно со социјалните партнери, со Владата. ­ Исто така овие анализи и сега покажуваат дека во најмала мерка 20 отсто може да оди веднаш зголемувањето на минималната плата. Тоа е една исклучителна радосна и значајна вест која сакаме да ја споделиме со нашето членство и со сите работници. Станува збор за многу сериозен одговорен пристап на сите социјални партнери и на Владата во делот на задоволување и на потребите, водејќи сметка и за реалните можности и на одделни сектори и сегменти кои може да рефлектираат и во делот на подобрувањето на таа социјална економска состојба”, рече Митревски.

Овие првични разговори, посочи, ги завршуваме успешно, следат други чекори, разговори со другите социјални партнери, со работодавачите, со другите синдикати, со цел Владата да излезе со предлог во делот на измени и дополнувања на тој закон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП