3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка ја намали прогнозата за раст на економијата

Норвешка ја намали прогнозата за раст на економијата

norveska

Норвешка денеска ја намали прогнозата за раст на економијата за оваа година на ниво што може да ги ослабе позициите на актуелната Влада пред септемвриските избори во таа држава.

Според најновите прогнози, норвешката економија оваа година ќе зајакне за 2,6 наместо претходно прогнозираните 2,9 отсто.

– Норвешка е во добра состојба, но мора да бидеме подготвени во случај кризата од Европа да не погоди во подоцнежна фаза, изјави норвешкиот министер за финансии Сигбјорн Јонсен за време на претставување на ревидираниот годишен буџет.

Во буџетот е наведено и зголемување на невработеноста на 3,4 од 3,2 отсто, што е и понатаму најниска стапка во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП