19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Ибрахими вети зголемување на минималната плата од 20 отсто

Министерот Ибрахими вети зголемување на минималната плата од 20 отсто

Законот за минимална плата ќе претрпи измени и ќе има нејзино зголемување за околу 20 отсто. Ова вчера го истакна министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, по работната средба со претставници на репрезентативните синдикати во Македонија.

Тој посочи дека станува збор за првични разговори меѓу претставниците на синдикатот и Министерството за зголемување на минималната плата.

„Она што првично утврдивме е дека има простор, има желба за зголемување на минималната плата и верувам дека во брзо време во дополнителните разговори со другите претставници на синдикатите, со КСС, со работодавачите, ќе најдеме заеднички модус, заедничко решение за зголемување на минималната плата за околу 20 проценти. Анализите кои беа направени од Министерството за труд и социјална политика и од Сојузот на синдикатите на Македонија се поклопуваат“, рече Ибрахими.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски истакна дека анализите покажуваат дека има простор и можност да се продолжи оваа политика на зголемување на плати која ја реализиравме заедно со социјалните партнери, со Владата.

Според него, првични разговори завршуваат успешно, а ќе следат други чекори и разговори со останатите социјални партнери, со работодавачите, со другите синдикати, со цел Владата да излезе со предлог во делот на измени и дополнувања на тој закон.

Тој нагласи дека разговарале и за другите делови од протоколот за социјален напредок, она што значи сигурност на работни места во делот на обезбедување поголема сигурност преку афирмацијата на пристапот за реализација на посигурни работни места односно работен однос на неопределено работно време.

Одговарајќи на новинарско прашање кога ќе има зголемување на минималната плата на работниците, тој изрази надеж дека тоа ќе биде многу скоро и зависи од решавањето на политичката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП