3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Русија инфлација од 7,2 проценти

Во Русија инфлација од 7,2 проценти

inflacija12

Во Русија инфлацијата во април на годишно ниво достигна 7,2 проценти, додека истовремено во Украина е забележана дефлација од 0,8 проценти.

Како што соопшти руската Федерална служба за статистика (Рос стат) месечната инфлација во април е забрзана на 0,5 проценти, по 0,3 проценти во март.

Од почетокот на годината цените се зголемени за 2,4 проценти. Годишната инфлација во април е зголемена на 7,2 проценти, од седум проценти кои беа забележани во март.

Во Украина во април оваа година беше забележана нулта инфлација, покажуваат податоците на Дражавната служба за статистика. Во март, цените исто така не беа променети, по месечното намалување од 0,1 процент во февруари и зголемувањето од 0,2 проценти во јануари.

За првите четири месеци од оваа година, инфлацијата беше 0,1 проценти, додека во истиот период во 2012 година таа изнесуваше 0,7 проценти. Во однос на истиот месец од минатата година, во април е забележана дефлација од 0,8 проценти, исто како и во март.

Како што претходно беше соопштено, дефлацијата во Украина во 2012 година изнесувала 0,2 проценти. Владата за оваа година прогнозира инфлација од 4,8 до 6,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП