5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank загуби 94 милиони евра

Commerzbank загуби 94 милиони евра

comm1

Германската банка „Comerzbank“ соопшти дека во првиот квартал од оваа година загубила 94 милиони евра, бидејќи ја превземала исплатата на отпремнина поради планираните отпуштања.

„Comerzbank“ во истиот период минатата година оствари профит од 355 милиони евра.

Вториот по големина германски кредитор, зад „Deutsche bank“, превзеде трошоци од реструктуирање во износ од 493 милиони евра, во кои е вклучена отпремнина за 4.000 до 6.000 работници кои планира да ги отпушти до 2016 година. На крајот на првиот квартал банката имаше околу 54.000 вработени.

„Comerzbank“ се обидува да излезе од криза од 2009 година, кога доби финансиска помош од државата, која сеуште има 25 проценти од банката.

На профитот на банката влијаат и моментално ниските каматни стапки, поради кои приходот од камати е намален од 1,69 милијарди, на 1,36 милијарди евра. Вкупниот приход на банката, пред загубата од кредити, се намали за 4,6 проценти, на 2,46 милијарди евра.

Отпуштањето на вработените е дел од програмата за намалување на трошоците, која банката ја започна во ноември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП