25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКромидот ги лекува брадавиците

Кромидот ги лекува брадавиците

На листата со природни средства против брадавици, кромидот има посебно место. Се користи така што се лупи и се зема тенката мембрана меѓу резанките и тогаш се става на брадавицата како лепенка.

Оваа лепенка се менува секојдневно, а пожелно е оваа природна терапија да се применува неколку дена, секогаш со свеж кромид.

Смоквиното млеко исто така ја покажа својата делотворност во отстранувањето на брадавиците. Се добива така што младиот лист на смоквата се одвојува од гранката на самиот корен.

Млекото кое од него ќе почне да тече, треба веднаш директно да се намачка на брадавицата, внимавајќи да не се оштети околната кожа. Оваа постапка би требало да се повторува два до три пати дневно. Добрите познавачи тврдат дека на ваков начин брадавиците се третираат најдолго една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП