28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпаѓа нивото на „сивата економија“ во Европа

Опаѓа нивото на „сивата економија“ во Европа

siva-ekonomija

Наспроти очекувањата дека со економската криза расте нивото на „сивата економија“, непријавената економска активност сепак е намалена минатата година во Европа со 19,3 отсто на 19 отсто БДП, се наведува во студијата на кредитната групација Виза.

Благодарение на подобрувањето на економското опкружување во однос на почетокот на кризата во 2008 година и заострување на мерките за сузбивање на затајувањето данок, нивото на „сивата економија“ во 2013 година би можело да биде најмало во последната деценија, односно да падне на 18,5 отсто од вкупното БДП на ЕУ, Норвешка, Швајцарија, Турција и Хрватска, се наведува во студијата.

Работата на црно и непријавените трансакции во пет најмоќни европски економии (Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија) во 2012 година достигнале износ од 2.175 милијарди евра, при што најмногу непријавени работници имало во трговијата и градежништвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП