Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,300.00 0.04%    GRNT 820.77 1.32%    KMB 5,051.35 0.95%    MPT 37,423.15 1.12%    MTUR 4,600.00 2.22%    OHB 6,426.63 -0.24%    OKTA 4,149.00 4.87%    POPK 14.00 0%    REPL 63,000.00 0%    RZLE 37.00 5.71%    RZLV 72.27 3.24%    RZUS 137.71 -0.25%    SBT 2,000.00 -4.25%    STB 951.72 0.07%    TEL 275.00 0%    TETE 2,224.70 -2.85%    TNB 13,774.92 1.56%    TTK 954.62 0.49%    UNI 2,556.67 0.56%    ZPKO 2,857.00 -0.03%    

Tip of the week: Континуирано подобрување

Време: 11:47

Датум: април 27, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Постои една јапонска техника (методологија) што ја користат тамошните компании (но и други светски системи) во нивното организациско работење, со цел развој и континуиран прогрес, наречена „КАИЗЕН”. Тоа е јапонски збор што означува „континуирано подобрување”. Тие веруваат дека со постојано аплицирање на мали и ситни промени во различните сегменти и делови од организациското работење, секоја компанија може да смета на континуиран раст и развој.

Според оваа методологија, секој од вработените, во компанијата има 2 работни задачи. Едната, да ги извршува своите тековни задолженија најдобро што знае и умее, а втората постојано да бара и да предлага начини (секој индивидуално или тимски) каде и како може да се подобри работата во организацијата, во која било област на работењето. Според „КАИЗЕН” главен фокус се дава на вработените и ценење на нивното мислење. На тој начин и вработените се чувствуваат повеќе мотивирани и задоволни дека нивниот збор се слуша и се цени, како и дека тие се вклучени во континуираниот прогрес на компанијата.

Неколку практични совети од „КАИЗЕН“ методологијата:

  1. Напуштете ги конвенционалните идеи.
  2. Фокус како да се изврши некоја работа, а не зошто не може да се изврши.
  3. Без оправдувања. Почни со испитување на постоечките методи на работа.
  4. Не барај перфекција. Подобро направи ја работата веднаш, отколку подоцна и да биде залудно.
  5. Ако направиш грешка, поправи ја веднаш.
  6. Не троши пари на „КАИЗЕН“. Користи ја својата мудрост.
  7. Мудроста доаѓа до израз кога ќе се соочиме со тешка ситуација.
  8. Прашај „ЗОШТО?” неколку пати и секогаш барај го коренот на проблемот.
  9. Собери ја мудроста од 10 луѓе, отколку знаењето од 1.
  10. „КАИЗЕН“ идеите се бесконечни.

Во секој случај, најмногу го напишав овој неделен совет да се поттикнам сам себеси и да ја применам оваа методологија и во мојот приватен живот. Многу често кога сакаме да направиме некоја промена, тоа тешко ни оди, бидејќи си поставуваме високи и тешко остварливи цели. Или, не сме свесни дека некоја активност, не е само активност туку цел микропроект. Поради тоа, лесно се откажуваме во нашите намери и не остваруваме голем број од нашите планови. Меѓутоа, со примена на оваа методологија и во нашиот приватен живот, може да добиеме многу и на тоа поле. Мојот систем на апликација на оваа методологија се состои во тоа што прво ја дефинирам големата цел, а потоа поставувам мали микрозадачи, активности кои водат кон остварување на таа цел.

Но, без оглед дали сакате да направите некоја промена во организацијата или приватно, прво започнете од себе.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

 

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com   

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака. Во…

  • Мисла на неделата –УА свиркачи

    Мисла на неделата –УА свиркачи

    Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и…

  • Мисла на неделата – Морален распад

    Мисла на неделата – Морален распад

    И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако…

  • Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да,…

  • Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го…

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше: Пред да зборуваш, размисли… Дали е вистина?! Дали е од помош?! Дали е инспиративно?! Дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш. Но, не оди тоа баш така. Да, може нешто да се случи…