1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина затворени 147 порно сајтови

Во Кина затворени 147 порно сајтови

kina

Кинеските власти затвориле 147 веб-сајтови заради објавување на порнографија и други непристојни аудио и видео програми, како што јавува новинската агенција Синхуа.

Кинеските власти им наредија на спорните веб-сајтови во 18 провинции во Кина да ги избришат објавените содржини и им биле изречени финансиски казни.

Како што наведува Синхуа, претставниците на Канцеларијата за борба против нелегалните порнографски содржини изјавиле дека сајтовите кои објавуваат порнографски и непристојни содржини ќе бидат “остро казнети”.

Кинеските власти започнаа кампања во март за борба против порнографијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП