4 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по суви коловози, интензитетот умерен

Сообраќајот се одвива по суви коловози, интензитетот умерен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поради потребите за изработка на проектната документација за комплетирање на клучка Хиподром започнато е геодетско снимање и геотехнички истраги на магистралниот пат А2, делница Скопје – Велес и магистрален пат А4 делница Скопје – Куманово во патен појас клучка Хиподром, истите ќе се изведуваат до 10.05.2017 во временски период од 07:00 – 17:00 часот.

Во текот на извршувањето на работите сообраќајот ќе се одвива во времен режим на сообраќај согласно поставената сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП