2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен планот на Трамп за „најголемата даночна реформа“ во САД

Објавен планот на Трамп за „најголемата даночна реформа“ во САД

Претседателот Доналд Трамп го објави својот план за драматичен ремонт на даночната политика во САД, најавувајќи пониски стапки за поединци и бизниси, но исто така и отстранување на клучните даночни олеснувања.

“Имаме можност еднаш во една генерација да направиме нешто големо и важно за даноците”, изјави директорот на Националниот економски совет на Белата Куќа, Гери Кон.

Белата куќа е амбициозна, но патот кон ревизија на даноците е ишаран со политички нагазни мини. Многу буџетски експерти се уверени дека планот на Белата куќа ќе ги намали федералните приходи толку многу што ќе се зголеми долгот од трилиони долари во следната деценија, ќе пораснат каматните трошоци и ќе се забави економијата.

Главна цел на планот на Белата куќа ќе биде големо намалување на даночните стапки за речиси сите Американци и бизниси. Со ревизијата ќе се елиминираат постојните седум даночни стапки и ќе се заменат со три – од 10 отсто, 25 отсто и 35 отсто, врз основа на нечиј приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП