2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во блага стагнација

Цените на нафтата во блага стагнација

Цените на нафтата на меѓународните пазари во вторник се стабилизираа по шестдневен пад, но на пазарите се врати скепсата бидејќи трговците не веруваат дека Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) со смалувањето на производството ќе поттикне пад на резервите на глобално ниво.

На лондонската берза цената на барелот благо порасна на 51,68 американски долари, додека на американскиот незначително зајакна на 49,33 американски долари.

ОПЕК на својата официјална интернет страница објави дека во понеделникот референтната цена на кошничката на нивната нафта изнесувала 49,64 УСД, што значи дека била 35 центи пониска од петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП