Швајцарската банка „Credit Suisse“ ќе привлече околу 4 милијарди швајцарски франци преку издавање на акции, за да ги стигне европските конкуренти по големината на капиталот, откажувајќи се од плановите да продаде малцински удел од швајцарската банкарска поделба, соопштува „Ројтерс“.
За да го зголеми салдото, втората по големина банка во Швајцарија објави во 2015-та година дека планира да продаде 20-30% од исклучително профитабилениот швајцарски бизнис преку ИПО (IPO) за околу 4 милијарди франци. Сега сепак банката објави дека наместо тоа ќе издаде акции за истата сума.
Главниот извршен директор Тижане Тиам изјави во февруари дека банката проучува алтернативи на „IPO“-то, кое беше предвидено за втората половина на оваа година.
„Тоа привлекување на капиталот ќе ни овозможи да продолжиме да инвестираме во раст со исклучително атрактивно враќање, да ја зајакнеме стабилноста на салдото за нашите клиенти и други заинтересирани страни и да ги дозволиме трошоците поврзани со нашите континуирани планови за реструктуирање“, рече во изјавата Тиам, кој ја презеде функцијата на извршен директор во јули 2015-та година.
Банката очекува соодносот на основниот капитал од прв ред – внимателно следен показател за силата на билансот од околу 13,4% и коефициентот од прв ред од околу 5,1%.
„Ројтерс“ претходно соопшти дека „Credit Suisse“ размислува за продажба на акции на групно ниво и најверојатно ќе донесе одлука како да се продолжи во текот на април.
Откако германската „Deutsche Bank“ привлече капитал од пазарот порано во оваа година, „Credit Suisse“ ризикува да остане една од банките со најнизок капитал меѓу конкурентите, иако побара од акционерите околу 6 милијарди франци во крајот на 2015-та година.
„Зголемувањето на капиталот би требало да биде доволно за да се смират стравувањата на краток рок, но не и дава на франшизата флексибилноста да помине низ опаѓање или да се натпреварува на глобалните пазари“, пишуваат аналитичарите од „Bernstein“.
„Сметаме дека ова зголемување не ги отстранува целосно стравувањата околу капиталот – само го прави зависен од циклусот и профитот за следните 12 месеци“, велат од „Bernstein“, чија оценка за акциите е „underperform“.
Банката забележа нето добивка од 596 милиони франци за првите три месеци од 2017-та година, што е највисока добивка за кварталот од почетокот на реструктуирањето и ги надминува дури и највисока оценка во анкетата на „Ројтерс“ по аналитичарите.