ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го укинува роамингот, погодност за сите туристи

ЕУ го укинува роамингот, погодност за сите туристи

Европската унија од 15-ти јуни го укинува роамингот, што значи дека граѓаните на земјите членки на ЕУ нема дополнително да плаќаат повици и користењето на интернет во другите земји членки.

Усвојувањето на законот траеше со месеци, а откако беше потпишан од страна на Европскиот парламент и Комисијата во мај, на сила ќе стапи на 15-ти јуни.

„Кога Европејците ова лето ќе одат на одмор, тие можат да уживаат во слободата и можноста да останат во контакт, како и да користат интернет исто како да се дома“, вели Емануел Малиа.

Законот ќе влијае на сите граѓани кои живеаат во земјите од Европската унија, како и во некои земји кои не се членки на ЕУ, како што се Исланд, Лихтенштајн, Норвешка.

Овој закон исто така ќе биде корисен и за туристите кои патуваат ширум Европа, кои ќе можат да си купат картичка, кои ќе ги користат за време на својот одмор во било која земја без дополнителни трошоци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП