3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлужбениците од Советот на ЕУ стапија во штрајк

Службениците од Советот на ЕУ стапија во штрајк

eusovet1

Вработените во Советот на ЕУ, вкупно 3.500 лица, денес стапија во штрајк, на повик на Унијата на синдикати, најголемиот синдикат на европските државни службеници, кој е незадоволен со планираниот пакет реформи.

Незадоволството меѓу службениците во Брисел владее поради пакетот реформи со кој, помеѓу останатото, се предвидени 40 работни часови неделно и поголема старосна граница за пензионирање.

Синдикатот наведува дека во наредните 15 години европските службеници ќе загубат 60 проценти од куповната моќ, доколку државите членки на ЕУ продолжат со политичкото штедење.

Вработените се незадоволни од предлогот за зголемување на старосната граница за заминувањето во пензија од 63 на 67 години.

Според планот покачувањето на платата ќе биде помало, а пензиските допринеси поголеми. Со примената на овие мерки, до 2017 година би требало да бидат намалени и трошоците за вработените за пет проценти.

Бруто платата на европските службеници се движи од 2.600 до 4.400 евра за секретарите и асистентите, односно од 4.400 до 18.400 евра за повисоките функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП