20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Пресврт - полесно до кредити

ЕЦБ: Пресврт – полесно до кредити

Европските компании и домаќинства во првиот квартал од оваа година полесно доаѓале до кредити, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Тоа, како што наведуваат, е пресврт на строгите услови за кредитирање забележани на крајот на минатата година.

Кредиторите во првиот квартал од 2017 година ги олабавија условите за подобрување на кредити до компаниите за 2,0 проценти, по петпроцентното заострување во последниот квартал од 2016 година, според резултатите од истражувањето на ЕЦБ кое го пренеусва агенцијата Франс прес.

Олеснет е и пристапот до хипотекарни кредити, благодарение на олабавувањето на условите за 5,0 проценти по еднопроцентното заострување во периодот меѓу октомври и декември.

„Тензијата за кредити продолжува да расте во сите кредитни категории“, соопшти централната банка на еврозоната.

Бидејќи каматните стапки се на рекордно ниско ниво, компаниите го искористија тоа со цел да земат нови или да ги рефинансираат постоечките кредити.

Големите интервенции на ЕЦБ во финансискиот систем, како што е откупот на повеќе милијарди евра вредни државни и корпоративни обврзници секој месец, исто така ги охрабрија банките на кредитирање, покажаа резултатите од истражувањето на ЕЦБ во кое учествуваа 139 банки од евроозната во периодот од 16 до 31 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП