3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе го реши проблемот со државните службеници

Грција ќе го реши проблемот со државните службеници

gr21

Во Грција апсурдна е ситуацијата со државните службеници кои го загубија работното место, но не и платата.

Уставот од 1911 година на службениците им гарантира дека тие не можат да бидат отпуштени во ниту еден случај.

Во Грција до крајот на наредната година ќе бидат отпуштени 15.000 државни службеници, одлучи парламентот. Грчкиот Устав од 1911 година, на државните службеници им гарантира дека тие не можат да бидат отпуштени, бидејќи тие до тогаш беа беспомошни жртви на партиски интереси.

Сепак, секој нов премиер си давал себеси за право, оние кои до тогаш обавувале државни работи да ги отпушти и да доведе свои странки, но тие кои биле отпуштени сеуште примале средства иако не оделе на работа и затоа во државниот систем е створен тотален хаос. Ниту државните службеници кои ја злоупотребиле својата работа не било можно да бидат отпуштени.

Постојат многу случаи во кои државните службеници го злоупотребиле своето работно место и поради тоа биле осудени на затворска казна или кон нив биле спроведени други санкции, но во ниту еден случај не било можно тие да бидат отпуштени од работа, тие иако не се појавувале на работа, според законот, земале 30 проценти од својата плата како надомест.

Меѓутоа, со тоа сега е готово, барем така вети грчката влада. Оваа одлука ќе ја израдува и тројката (Европската централна банка, ММФ и Европската комисија), која веќе подолго време ја советува Грција да ги промени правилата за државните работници.

Всушност, отпуштањето на 15.000 вработени до крајот на наредната година е предуслов за новите 8,8 милијарди евра помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП