3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„lex Mercator“ изгласан во словенечкиот парламент

„lex Mercator“ изгласан во словенечкиот парламент

Словенечкиот парламент во вторник со 47 гласови „за“ и 20 „против“ го потврди законскиот предлог на Владата, наречен „lex Mercator“, со кој се прави обид за заштита на словенечките интереси во постапката на реструктуирање на словенечкиот трговски синџир во сопственост на концернот Агрокор.

Со прифаќањето на законот, компанијата-ќерка на Агрокор се дефинира како словенечко „системско претпријатие“, важно за вработеноста и за социјалната и финансиска стабилност.

Понатаму, „lex Mercator“ создава законска подлога за именување на државен претставник како дополнителен вонреден член на управата на Меркатор, кој би ги контролирал финансиските трансфери меѓу матичниот концерн и Меркатор.

За разлика од хрватскиот “lex Agrokor”, со кој хрватската држава го презеде управувањето со Агрокор, словенечкиот закон не навлегува во сопственичкото право туку сака да ги заштити вработените во Меркатор, неговите добавувачи и да спречи одлив на парите во Агрокор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП