18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавори ќе ги заменат исушените палми

Јавори ќе ги заменат исушените палми

Јаворите ќе ги заменат егзотичните палми,  кои поради ниските температури се исушија во текот на зимата.

„Има неколку преживеани,но во консултација и со градот, одлучивме сите палми низ градот да бидат извадени. Јаворите лично ги обезбедив, и тие се донација од фирма која подолго време соработува со претпријатието“, рече директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

Дел од граѓаните се изреволтирани од фактот дека палмите кои сега се исушени чинеа 500 евра, а ако на тоа се додадат и трошоците за одржување, само во Скопје се „исушени“ над пола милион евра.

„Граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, а властите трошат пари на палми кои се очекуваше да не преживеат. Скопјани имаат други  поважни  проблеми, како проблемот со сообраќајот за велосипедисти и слично, а се трошат пари за дрвја, кои според мене, ниту изгледаат убаво за нашиот град, ниту се карактеристични за нашето поднебје“, вели Викторија М, од Дебар маало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП