3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуските социјалисти не предвидуваат приватизации на државните компании

Француските социјалисти не предвидуваат приватизации на државните компании

France's Socialist party politician Desir attends the summer meeting of the French Socialist Party in La Rochelle

Првиот секретар на француската Социјалистичка партија (ПС), Жан-Филип „Харлем“ Дезир во интервју за телевизкскиот канал БФМТВ, најави дека нема да има приватизациja на компаниите кои се во целосна или делумна сопственост на државата Франција.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, европратеникот Дезир објасни дека намалувањето на државното учество во акциите на некои претпријатијата „не претставува приватизација“ и според него нема да има приватизација.

Првиот човек на фрацуските социјалисти објасни дека приходите од отстапените акции ќе бидат искористени за инвестирање во „големите планови за иднината“ како дигитализацијата или еколошката транзиција.

– Државата може да одлучи дека е интересно да се отстапат неколку проценти во индустриските претпријатија без притоа да го загрози својот капацитет на влијание, рече Дезир. – Овие продоажби на акции нема ќе служат за финансирање на државниот буџет или негово надополнување, додаде тој.

Првиот човек на владејачките социјалисти смета дека не треба државата да се откаже од претпријатијата кои се јавни сервиси, како државната железница или поштата. Тој како можност каде можат да се отстапат акции ги спомена „Рено“ и „Франс телеком“.

Деновиве во Франција беше отворена полемика откако министерот за индустриска обнова Арно Монтбур, се спротистави на продажба на францускиот ривал на „Јутјуб“, „Дејлимоушен“, кој е во сопственост на „Франс Телеком“, на „Јаху“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП