Неработниците најчесто се весели, секогаш со сите се добри, се знаат, но кога станува збор за работата секогаш ја заобиколуваат. И никогаш поради тоа не се повикани или казнети.
Тие се секогаш опуштени и со добра волја, работат далеку помалку од вас, но затоа стигнуваат да испушат цигара, да позборуваат со другите и да дознаат што се случува во компанијата, да скокнат на социјалните мрежи, да телефонираат со пријателите и семејството…
Тие се неработници, но без оглед на тоа секогаш опстануваат во сите режими и времиња, популарни се во околината и шефовите ги толерираат.
Истовремено, вие ќе го искривите грбот за да ја одработите и вашата и нивната работа. И кој од вас е попаметен?
Психолозите велат дека тоа е секојдневие речиси секаде, особено на овие простори, во кои мрзеливите секогаш се на врвот, а оние работливите страдаат поради нив. Неработниците се често заштитени и поради здравствени или семјните проблеми или поради лошиот материјален статус поради кој мораат да работат две работи, па на ниту една не и се посветуваат доволно.
„Сочувство би требало да постои, но лошо е кога се злоупотребува. Помагањето на колегите во невоља, често се изведува „преку грбот“ на вредните работници, кои можеби исто така имаат проблеми, а за тоа ниту зборуваат ниту пак тоа им пречи во работата. Навикнале да молчат и да работат, додека другите ја користат секоја ситница за да ги оправдаат изостаноците и нередот“, велат психијатрите.
Шефовие речиси секогаш ги интересира финалниот производ и не забележуваат дека поединци во неговата реализација не учествувале. Истовремено, тие поединци се задоволни со добивањето на плата без многу работа и труд.