Советот на ЕУ конечно ги одобри новите правила кои ќе ја подобрат заштитата на европските средства од измами. Тоа беше објавено од институцијата. Директивата треба да биде усвоена од Европскиот парламент и објавена во Службениот весник на заедницата. Таа ќе влезе во сила 24 месеци по нејзиното официјално известување.
Новите правила се дел од архитектурата на Европското обвинителство, за изградба на кој се согласија 16 држави од ЕУ.
Текстовите даваат општи дефиниции за нарушувања со средства од европскиот буџет – кражби од европските фондови, корупција, како и за перење пари. Се предвидуваат казни и во однос на прекуграничните измами со ДДВ-то, но обемот на директивата ќе биде ограничен само до „сериозни прекршувања“. Под „сериозни“ се разбираат измами со ДДВ меѓу две држави од ЕУ, од штетите кои се во вредност од над 10 милиони евра.
Така ќе бидат заштитени финансиските интереси на Заедницата, посочуваат уште од Советот во своите мотиви за бараната правна норма.
„Заштитата на буџетот на ЕУ е од клучно значење за да се обезбеди поефикасно користење на парите на европските даночни обврзници“, коментира министерот за правда на Малта, Овен Боници по повод донесената Директива.
Тој посочи дека усвојувањето на заедничките дефиниции, правила и минимални казни за прекршоци е чекор во борбата против измами во целата ЕУ.