19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија излегува од рецесија

Србија излегува од рецесија

belgrad-ekonomija

Индустриското производство во Србија во првите три месеци од 2013 година пораснало за 5,2 проценти, што на БДП-то на земјата во овој период му помогна да се зголеми за 1,9 проценти, откако се намалуваше во сите четири тримесечја од минатата година, сооошти српското Министерство за финансии и економија, пренесе Хина.

Последните податоци за БДП-то на Србија, обезбедени од националната статистичка агенција, беа интерпретирани од министерството како доказ дека српската економија излезе од рецесија.

Разработено по индустриски гранки, најголем пробив е постигнат во автомобилската индустрија, каде има трикратно зголемување. Значително зголемување е регистрирано во производството на нафтени производи, во хемиската и фармацевтската индустрија, како и во текстилниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП