4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот надвор од градските средини е умерен, возете внимателно

Сообраќајот надвор од градските средини е умерен, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се завршните активности за рехабилитација на коловозот. Од вторник до сабота магистралниот пат А3 Битола – Макази, на потегот од село.Ротино до село Кажани, поради изведување на завршни асвалтерски работи ќе биде целосно затворен за сообраќај.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат за село Кажани. За време на изведување на градежните работи, регулирањето на сообраќајот ќе се врши со соодветна вертикална сигнализација и сообраќајна опрема согласно Сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна од 18.04.2017 во 16:00 часот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Градежни активности се изведуваат и на дел од магистрален пат А2, делница: Тетово – Гостивар, осветлување кај клучка Камењане.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП