19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Потенцијалот за раст на германската економија може да се намали до...

Бундесбанк: Потенцијалот за раст на германската економија може да се намали до 2025-та

Економскиот раст на Германија веројатно се крена значително во првиот квартал од 2017-та година, а индустријата и приватната потрошувачка се во основата на трендот.

Сепак потенцијалот за уште поголем раст на најголемата економија во Европа, може да се намали речиси до половина до средината на следната деценија, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на последниот регуларен месечен извештај на централната банка на земјата (Бундесбанк).

Меѓу стимулациите за растот се необично позитивните ставови во индустрискиот сектор, големите нарачки од него, како и обновувањето на извозот, кој традиционално е еден од главните столбови на германската економија. Овие фактори помогнале да се извлече економијата од нејзиното доцнење на крајот на 2016-та година, сметаат експертите на „Бундесбанк“.

„Потрошувачката на домаќинствата ќе остане важен поттик за економскиот раст поради поволниот развој на пазарот на труд и позитивните ставови на корисниците“, станува јасно од извештајот.

Официјалните податоци за економскиот развој во првиот квартал на 2017-та година ќе бидат објавени од статистичкиот институт на федералната република на 12-ти мај. За четвртиот квартал на 2016-та година економијата на државата забележа раст од 0,4%.

За краткорочното проширување на економијата, „Бундесбанк“ предупредува дека работната сила во Германија ќе се намали брзо поради стареењето на населението, што ќе влијае негативно на растот на продуктивноста и на потенцијалот на економијата.

Економскиот потенцијал – природниот раст за развој на економијата без стимулации и при константна инфлација во моментов е 1,25% годишно, но ќе се спушти до 0,75 отсто во периодот 2021 – 2025 година.

Централната банка на Германија предвидува дека работната сила во земјата ќе се намали со 2,5 милиони лица до 2025-та година, а нето имиграцијата нема да успее да го надомести тоа во целост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП