7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавров: Русија планира целосно да ја обнови соработката со ЕУ

Лавров: Русија планира целосно да ја обнови соработката со ЕУ

Русија планира целосно да ја обнови соработката со Европската Унија, најголемиот трговско-економски партнер на федерацијата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, пренесуваТАСС.

– Повеќепати ја изразувавме принципиелната подготвеност за нормализирање на односите, со темпо што ќе биде прифатливо за ЕУ, рече Лавров.

Тој и заблагодари на надворешнополитичката служба на ЕУ за изразите на сочуство, што беа упатени по повод неодамнешниот терористички напад во Санкт Петербург.

– ЕУ има интерес да соработува со Русија во борбата со тероризмот, каде двете страни имаат за решавање заеднички задачи, а, исто така, и да ја решат ситуацијата во Сирија и во Либија, изјави Могерини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП